Mehmet Tosun
27 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 34 лица, со што бројката на смртни случаи во земјата се зголеми на 4.431, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во однос на коронавирусот во Турција, објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се регистрирани 1.035 нови случаи на Ковид-19, со што бројката на лица позитивни на вирусот е зголемен на 159.797.
Според податоците, во последните 24 часа починале 34 лица, а вирусот го победиле 1.286 пациенти. Вкупниот број на направени тестирања во земјата е зголемен на 1.894.650, бројката на заразени 159.797, додека вкупната бројка на починати во земјата порасна на 4.431.
На одделенијата за интензивна нега регистрирани се 723 пациенти, а бројот на пациенти поврзани на респиратори е 331. Вкупниот број на пациенти кои ја победија болеста изнесува 122.793.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, во врска со денешните податоци истакна дека поголемата слобода ќе зависи од тоа колку целосно се спроведуваат мерките.
„Податоците покажуваат дека постигнавме стабилност во намалувањето на ризикот. Успехот на 83 милиони граѓани треба да продолжи. Поголемата слобода ќе зависи од тоа колку целосно ги спроведуваме мерките. Нашиот нов начин на живот е контролираниот социјален живот.“