свет, Коронавирус

Путин: „Расте невработеноста во Русија“

„Последните податоци покажуваат дека бројот на невработени кои се официјално регистрирани во Русија е зголемен. Бројот на регистрирани невработени достигна 1,9 милиони...“

Emre Gürkan Abay  | 27.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Путин: „Расте невработеноста во Русија“

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека поради пандемијата на коронавирусот, нивото на невработеност во Русија значително се зголемило. Порача дека тоа не е неочекувано, но дека е проблем на кој треба да му се посвети максимално внимание, јавува Агенција Анадолија (AA).

Путин преку видеоконференција оствари состанок со претставници на руската Влада на кој се осврна и на состојбата на пазарот на трудот во Русија.

Нагласи дека прашањето на пазарот на трудот е едно од најприоритетните прашања во Русија.

„Појавата на Ковид-19 и со него поврзаните ограничувања негативно се одразија на економиите на сите земји, без исклучок. Побарувачката опадна, деловната активност е намалена, многу инвестициони планови се прекинати“, рече Путин, и додаде:

„Последните податоци покажуваат дека бројот на невработени кои се официјално регистрирани во Русија е зголемен. Бројот на регистрирани невработени достигна 1,9 милиони. Тоа не е неочекувано, но максимално внимание треба да се посвети на проблемот со невработеноста на сите нивоа на управувачки структури во Русија".

Рускиот министер за труд, Антон Котјаков, неодамна изјави дека пазарот на трудот во земјата е во сериозна ситуација, но порача дека таа ситуација не може да се оцени како катастрофална.

Руската економија, која се соочи со тешки времиња и поради падот на цената на нафтата, како и мерките преземени за сузбивање на Ковид-19, оваа година може да забележи пад за пет до шест отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın