свет

Лавров: „САД свесно ја нарушуваат стратешката стабилост“

„САД свесно ја нарушуваат архитектонската структура и стратешката стабилност на светот. Вашингтон нарушување го Договорот за нуклеарни сили од среден дострел, предизвика зголемување на тензиите“, рече Лавров

Dmitri Chirciu  | 18.11.2019 - Обновена : 19.11.2019
Лавров: „САД свесно ја нарушуваат стратешката стабилост“

МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) свесно ја нарушуваат архитектонската структура и стратешката стабилност на светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лавров на прес-конференцијата одржана по состанокот во Москва со неговиот белоруски колега, Владимир Макеј, говореше за активностите на САД и НАТО во воената област.

Шефот на руската дипломатија нагласи дека се влошува состојбата во насока на контролата на оружјата.

„САД свесно ја нарушуваат архитектонската структура и стратешката стабилност на светот. Вашингтон нарушување го Договорот за нуклеарни сили од среден дострел, предизвика зголемување на тензиите“, додаде Лавров.

Тој изрази загриженост од напорите на НАТО за зајакнување на својата воено-политичка инфраструктура во близина на руската граница.

Лавров рече дека САД и Европската унија (ЕУ) спроведуваат еднострани санкции.

„Со едностраните санкции, САД и ЕУ ги прекршуваат резолуциите на Обединетите нации (ОН). Едностраните санкции сериозно ја поткопуваат довербата, и го спречуваат развојот на глобалната економија“, истакна тој.

Шефот на руската дипломатија потсети дека самитот на лидерите на Нормандискот квартет (Германија, Франција, Русија и Украина), ќе се одржи на 9 декември, и додаде:

„Постигнати се потребните услови за одржување на самитот. Се надеваме дека Франција која е домаќин на овој самит, ќе ги направи сите напори за надминување на несигурностите во врска со Украина“.

Лавров истакна дека поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, ги саботирал одлуките донесени во рамки на Нормандискиот формат.

„Со владата формирана од страна на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, успеавме да ги решиме проблемите кои долго време не беа решени“, додаде шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın