Ekip
26 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
КИЕВ (АА) - Претседателот на Националното собрание на кримските Татари, Рефат Чубаров, рече дека Татарите во Крим, кој е нелегално анектиран од Русија, се прогонувани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чубаров објави порака на социјалните мрежи по повод шестата година од настаните на 26 февруари, кога започна нелегалното анектирање на Крим од страна на Русија.
Изјавувајќи дека Крим е анектиран привремено, Чубаров рече: „Русија, окупирајќи го Крим, ги прекрши меѓународните норми, основните принципи на суверенитетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет.“
Посочувајќи дека народот на Крим е подложен на угнетувањата на Русија, тој рече: „Окупаторската Русија ги прогонува Татарите во Крим. Кримскиот народ се убива, се измачува, се притвора и апси од политички причини.“
Посочувајќи дека Русија се обидува да ја смени етничката структура на Крим, Чубаров потсети дека на полуостровот се сместуваат руски граѓани.
Наведувајќи дека анексијата на Крим не ја нарушува волјата на Татарите, Чубаров рече дека кримскиот народ останува лојален на украинската држава.
Чубаров, истакнувајќи дека Автономна Република Крим е дел од Украина, рече дека само Националното собрание на кримските Татари има право да го претставува кримскиот народ во Украина и во странство.