свет, Коронавирус

Во Италија од Ковид-19 починаа над 33.000 лица

Цивилната заштита на Италија ги сподели најновите информации во врска со епидемијата на Ковид-19, која во земјата трае веќе 3 месеци

Barış Seçkin  | 27.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Во Италија од Ковид-19 починаа над 33.000 лица

РИМ (АА) – Во Италија денес се потврдени 117 смртни случаи како последица на вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 33.072, јавува Агенција Анадолија (АА).

Цивилната заштита на Италија ги сподели најновите информации во врска со епидемијата на Ковид-19, која во земјата трае веќе 3 месеци.

Бројот на активни случаи со коронавирус во земјата се намали на 50.966, со пад од 1.976 во последните 24 часа.

До денес, вкупниот број на заразени од Ковид-19 во земјата ја достигна бројката од 231.139, со регистрирани 584 случаи во последните 24 часа.

Во истиот период во земјата регистрирани 2.443 оздравени лица, чија вкупна бројка од почетокот на епидемијата во државата се зголеми на 147.101.

Бројот на лица кои починаа од Ковид-19 се зголеми за 117 во изминатите 24 часа, и достигна 33.072.

Според податоците на Цивилната заштита, бројот на починати кои во последните 3 дена беше двоцифрен, денес повторно се искачи над 100.

Продолжува падот на бројот на оние кои се лекуваат на одделите за интензивна нега, од вчерашните 521, денес се намали на 505 пациенти.

Досега во земјата спроведени се 3.607.251 тестирања за Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.