Ali Cura
12 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија се детектирани 1.057.362 лица позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека бројката на смртни случаи во оваа земја се искачи на 18.484, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во земјата детектирани се 5.488 новозаразени лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.057.362.
Во последното деноноќие во Русија починаа 119 лица како последица на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 18.484.
Во истиот период оздравеа 5.428, вкупно 873.535 од почетокот на пандемијата во оваа земја.
Во земјата во изминатите 24 часа направени се 356.000 тестирања за Ковид-19, а досега спроведени се 40.200.000 тестирања.
Со падот на бројката на детектирани лица заразени со коронавирус, во голем дел на Русија намалени се превентивните мерки против ширењето на пандемијата на Ковид-19, но во затворени простори и во средини со голем број присутни задолжително е носењето маски и ракавици.
На 1 септември во Русија започна новата учебна година, но во училиштата не е задолжително носењето маски и одржувањето социјална дистанца.