Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 63 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 13 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.715.

Admir Fazlagic  | 18.01.2021 - Обновена : 19.01.2021
Северна Македонија: Регистрирани 63 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

СКОПЈЕ 

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 63 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 88.992, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 13 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.715.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 73.777.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 12.500.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 529 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 432.241 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın