свет, Коронавирус

Латинска Америка: Од последици предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 1.131 лице, во Мексико 999

- Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да биде причина за голем број смртни случаи во земјите на Латинска Америка

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 15.01.2021 - Обновена : 19.01.2021
Латинска Америка: Од последици предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 1.131 лице, во Мексико 999 Фото: Архива / АА

БОГОТА

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да биде причина за голем број смртни случаи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил животот го загубија 1.131 лице, 999 во Мексико, 142 во Аргентина, 367 во Колумбија, 91 во Перу, 90 во Чиле, 37 во Боливија и 34 во Гватемала.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.131 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 207.095. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 67.758, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 8.324.294.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.339.703 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 999 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 16.468 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 137.916 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.588.369. Во оваа земја досега оздравеа 1.185.621 лице позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.


- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 142 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 45.125. Во истиот период детектирани се 13.286 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.770.715.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.549.490 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.


- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 367 лица, така што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 47.491.

Во последните 24 часа детектирани се 17.121 лице позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 1.849.101. Во оваа земја досега оздравеа 1.683.835 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 91 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.621 новозаразен.

Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.048.662, од кои починаа 38.564 лица, а оздравеа над 976.202 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.


- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 90 лица од вирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 17.294.

Во истиот период регистрирани се нови 4.177 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 656.712, а оздравеа вкупно 614.267 лица претходно заразени со коронавирусот.


- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 37 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.198.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 181.016, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.530. Досега оздравеа 141.736 лица позитивни на коронавирусот.


- Гватемала

Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 34 смртни случаи предизвикани од заразување со Ковид-19, така што вкупната бројка на починати се зголеми на 5.151. Во истиот период детектирани се 951 новозаразен, вкупно 146.937 од почетокот на заразата.

Досега во оваа земја оздравеа 132.507 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.