Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
БОГОТА (АА) - Повторно во подем високата бројка на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.110 лица, 1.314 во Мексико, 194 во Аргентина, 331 во Колумбија, 64 во Перу, 20 во Чиле, 39 во Боливија и 55 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.110 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 204.690. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 64.025, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 8.195.637.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.273.707 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.314 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 14.395 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 135.682 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.556.028. Во оваа земја досега оздравеа 1.168.354 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурура податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 194 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 44.848. Во истиот период детектирани се 13.783 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.744.704.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.527.861 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 331 лице, така што вкупниот број смртни случаи се искачи на 46.782.
Во последните 24 часа детектирани се 14.179 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 1.816.082. Во оваа земја досега оздравеа 1.646.892 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 64 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.881 новозаразен.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.040.231, од кои починаа 38.399 лица, а оздравеа над 971 илјада лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 20 лица од вирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 17.182.
Во истиот период регистрирани се нови 3.243 случаи на заразување со Ковид-19, така што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 649.135, а оздравеа вкупно 608.804 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 39 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.473.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 176.761, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.454. Досега оздравеа 139.672 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала -
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 55 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, така што вкупната бројка на починати се зголеми на 5.080. Во истиот период детектирани се 1.739 новозаразени, вкупно 144.982 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 131.974 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.