Emre Aytekin
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
АНКАРА
Бројот на починати во пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се искачи на над 2 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 2.002.407 лица.
Најголем број на смртни случаи во светот до денес има во Соединетите американски држави (САД), каде досега починаа 397.994 заразени.
По САД следат Бразил со 207.160, Индија со 151.954, Мексико со 137.916, Велика Британија со 86.015, Италија со 80.848, Франција со 69.313, Русија со 63.940, Иран со 56.538, Шпанија со 53.079, Колумбија со 47.491, Германија со 45.492 и Аргентина со 45.125 починати.
Заклучно со 14 јануари во Турција животот го загубија 23.495 лица.
Од почетокот на заразата со новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и набргу се прошири низ целиот свет, досега регистрирани се 93.533.715 случаи, додека од вирусот оздравеа 66.834.935 заразени.
Продолжува лекувањето на 24.696.373 лица.