Ekipa
12 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
КАБУЛ/ДОХА (АА) - Денес, во катарскиот главен град Доха започнаа историските авганистански мировни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанските бунтовници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Преговорите имаат за цел да стават крај на скоро дведеценискиот вооружен бунт во земјата разорена од војна.
Заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, го одржа воведниот говор заедно со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш,на кој присуствуваа високи дипломати од САД, Германија, Турција, Пакистан, Индија, Кина, Иран и многу други земји.