Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.201 лице во Индија, 874 во Бразил и 534 во Мексико, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие поради Ковид-19 починале уште 1.201 лице, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати од коронавирусот на 77.472.
Во последните 24 часа во Индија се детектирани 97.570 лица позитивни на коронавирусот.
Од почетокот на септември досега во Индија секојдневно се регистрира зголемување на бројката на новозаразени, при што, вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот достигна 4.659.984.
Во Индија, која брои население од 1,3 милијарди, досега оздравеа 3.624.196 лица претходно заразени со Ковид-19.
Според податоците што ги објавува интернет-сајтот „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројката на регистрирани случаи на коронавирусот, а трета според бројката на починати.
- Бразил -
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа уште 874 лица починале како последица на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 129.575.
Вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот изнесува 4.282.164, од кои 43.718 се новозаразени.
Во Бразил досега оздравеа 3.530.655 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа бројката на починати од коронавирусот изнесува 534, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 70.183.
Во истиот период во Мексико се регистрирани 5.935 нови случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 658.299.
Досега во Мексико оздравеа 463.764 лица кај кои претходно е детектиран Ковид-19.