Sayed Khodaiberdi Sadat
26 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
КАБУЛ
Талибанците воспоставија контрола врз округот Андхој во провинцијата Фарјаб во северен Авганистан, известува Агенција Анадолија (АА).
Мохамад Надер Саиди, заменик-претседател на Покраинскиот совет на Фарјаб, за медиумите изјави дека талибанските милитанти извршиле вооружен напад врз областа Андхој.
Соопштувајќи дека по нападот талибанците воспоставиле контрола врз окружниот центар, Саиди информираше дека безбедносните сили се повлекле. Тој истакна дека за време на судирите во окружниот центар изгореле 70 дуќани.
Според очевидците, за време на конфликтот во воздушниот напад на авганистанските сили биле убиени и цивили.
Во соопштението објавено од талибанската страна се тврди дека во нападот биле запленети сите јавни згради во окружниот центар.
Талибанските милитанти вчера ја презедоа контролата и над областите Курган и Карамкол во Фарјаб.
- Во последните 24 часа убиени 248 талибанци
Авганистанското Министерство за одбрана објави дека операциите против талибанците биле спроведени во 10 провинции на земјата.
Во соопштението во кое се наведува дека во операциите се убиени 248 милитанти, се потенцира дека во нападите се ранети 137 милитанти, а дека 12 милитанти биле заробени.
Покрај тоа, во соопштението се забележува дека за време на операцијата биле неутрализирани 42 бомби подготвени да експлодираат.
- Зголемено е насилството во земјата
Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза, што се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.
Додека е неизвесен мировниот процес во Авганистан, продолжуваат нападите во земјата.
На 21 јуни, талибанците ја презедоа контролата врз областите Давлат Абад, Шолгара и Кишиндих на провинцијата Балх на северот од земјата.
На 20 јуни Контролата врз двете авганистански северни области Бел и Саманган паднаа во рацете на милитантите.
Талибанското движење во изминатите два месеца ја презеде контролата во најмалку 40 подрачја во Авганистан. Според податоците на Обединетите нации, талибанците моментално контролираат меѓу 50 и 70 отсто од територијата на Авганистан, не сметајќи ги централните делови на големите градови.
Според податоците на локалните власти до кои дојде новинарот на АА, талибанците зазеле повеќе од 130 од 407 области во Авганистан, вклучувајќи ги и нивните центри.
Од нив, контролата врз некои од појасите во околу 60 области во земјата ја имаат авганистанските безбедносни сили.
И 34 провинциски центри во земјата се исто така под контрола на Владата.
Продолжуваат борбите меѓу безбедносните сили и талибанците на поголемиот дел од територијата на Авганистан, а судирите се одвиваат во околу 200 од 407 области.