Betül Yürük
04 Август 2021•Ажурирај: 05 Август 2021
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), алудирајќи на талибанците, изјави дека не го поддржуваат враќањето на „Исламскиот емират“ во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) најостро го осуди нападот врз комплексот на ОН во Херат, Авганистан, што резултираше со смрт на припадници на авганистанските безбедносни сили.
Истакнувајќи дека се длабоко загрижени поради зголемувањето на насилството и кршењето на човековите права во Авганистан, Советот ги осуди сите терористички инциденти и намерни напади врз цивилите во земјата.
Советот посочи дека намерните напади врз цивилите, персоналот на ОН и објектите на ОН може да претставуваат „воени злосторства“, повикувајќи ги авганистанската Влада и талибанците да изнајдат политичко решение на кризата и на прекин на огнот.
Укажувајќи дека не може да се најде воено решение за кризата, Советот нагласи дека не го поддржува враќањето на „Исламскиот емират“ во Авганистан, алудирајќи на „администрацијата“ на талибанците.