Ekipa
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
БАГДАД (АА) - Ирачките власти денес соопштија дека од месец февруари од Ковид-19 во земјата починале 13 лекари, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со вирусот се заразени 775 лекари“, изјави за АА Абдулаламер ал-Шимари, претседателот на Ирачкото здружение на лекари.
„Сите лекари вложуваат максимални напори да обезбедат здравствени услуги на пациентите со расположливите ресурси“, рече тој.
Во Ирак се зголемуваат стравувањата од колапс на здравствениот систем во земјата, поради порастот на бројот на заразени.
Од почетокот на епидемијата во Ирак дијагностицирани се 43.262 случаи, регистрирани се 1.660 смртни случаи и 19.983 излекувани.
Владата во обид да го сопре ширењето на коронавирусот воведе делумен полициски час, забрани собири и воведе мерка за задолжително носење заштитни маски.