Sayed Khodaiberdi Sadat
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
КАБУЛ (АА) - Во судирите меѓу талибанските милитанти и безбедносните сили во покраината Кундуз, во северен Авганистан, загинаа пет припадници на безбедносните сили, а неутрализирани се четворица милитанти, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Асматула Муради, портпаролот на Канцеларијата на гувернерот на Кундуз, изјави дека судирите се случиле во местото Имам Сахиб.
Тој истакна дека судирот избувнал откако милитантите извеле напад врз воената касарна во тоа подрачје.
Потврди дека во судирите загинале пет припадници на безбедносните сили и четворица милитанти, додека еден припадник на безбедносните сили бил ранет.
Талибанците сѐ уште не се огласија во врска со овој случај.