Emre Aytekin,Ömer Faruk Yıldız
28 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ТОКИО (АА) - Јапонија во изминатите 24 часа потврди 88 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени достигна 19.209, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Здравствените институции во земјата соопштија дека во изминатиот ден не се регистрирани смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Во главниот град Токио во изминатите 24 часа регистрирани се 60 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заразени во овој град достигна 6.114.
Во Јапонија од почетокот на епидемијата од коронавирусот починаа 985 лица.
Коронавирусот на крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.