живот

Турција: Мајстор од Ван љубоморно ја чува колекцијата од мобилни телефони собрана за 20 години

Озчелик во разговорот со АА истакна дека со својата професија започнал пред 20 години поради интересот што го имал за мобилните телефони и дека од тој ден започнал да собира стари модели на мобилни телефони

Yılmaz Kazandıoğlu  | 11.11.2020 - Обновена : 12.11.2020
Турција: Мајстор од Ван љубоморно ја чува колекцијата од мобилни телефони собрана за 20 години Фото: Özkan Bilgin/AA

ВАН (АА) - ЈИЛМАЗ КАЗАНДИОГЛУ - Шахабетин Озчелик, кој работи како мајстор за поправка на телефони во градот Ван, за 20 години создал колекција од илјада мобилни телефони, пишува Агенција Анадолија (АА).

Озчелик, кој со своето семејство мигрирал во Ван пред 4 години од областа Хакари Јуксекова, во центарот на градот работи како мајстор за поправка на мобилни телефони.

Мајсторот Озчелик привлекува внимание со неговиот интерес за мобилните телефони. Во својата професија, што ја започнал пред 20 години, Озчелик собирајќи стари модели создал своја колекција.

Во меѓувреме, крадците што влегле во неговата куќа украле 700 од 1700 различни модели мобилни телефони што Озчелик ги имал собрано досега.

Преостанатите мобилни телефони ги прикажува во просторија во неговата куќа и внимателно се грижи за сите нив.

- „Сите телефони работат“ -

Озчелик во разговорот со АА истакна дека со својата професија започнал пред 20 години поради интересот што го имал за мобилните телефони и дека од тој ден започнал да собира стари модели на мобилни телефони.

Наведувајќи дека старите модели на телефони не се произведуваат поради постојниот развој на новите модели, Озчелик рече:

„По некое време, решив да создадам колекција мислејќи дека луѓето нема да можат да ги најдат овие телефони. Имам телефони што ги купив и ги поправив. Тие ги кријам дома. Сите мои телефони работат. Стојат и нивните полначи. Имав 1.700 телефони. Пред 2 години крадци влегоа во мојата куќа и украдоа 700 телефони од мојата колекција, кои беа вредни за мене.“

Посочувајќи дека сега останале 1000 телефони во неговата колекција, Озчелик додаде: „Сите телефони се многу ретки и вредни. Претходно даваа разни понуди, но јас не ја продадов мојата колекција. Одвоив просторија од мојата куќа специјално за телефоните. Одвреме-навреме се соочувам со тешкотии за нивно чување. Се надевам дека некој по мене ќе сака да ги купи и да ги пренесе на следните генерации.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.