живот

Млад Ирачанец со велосипед од Германија за 139 дена пристигнал во Ирак

„Целта е да им кажам на своите пријатели во странство за другото лице на Ирак, кои знаат поради војната. Сакам да им покажам на пријателите во Ирак дека постои живот и култура и дека луѓето и покрај се се за развој и иновации“, порача Ахмет.

Haydar Karaalp  | 11.11.2020 - Обновена : 11.11.2020
Млад Ирачанец со велосипед од Германија за 139 дена пристигнал во Ирак ( Foto: Murtadha Al-Sudani/ Anadolu Agency )

БАГДАД (АА) - Хајдар Каралп -

Фазил Ахмет за 139 дена со велосипед пристигна од Германија во Ирак.

Деветнаесетгодишниот Ахмет во разговор за Агенција Анадолија (АА) раскажа дека на 8 јуни тргнал од Германија кон татковината.

„Во својата земја влегов по 139 дена возење“, појасни Ахмет.

Како тој изјави, за време на патувањето кое траело околу пет месеци, запознал многу земји и градови и стекнал голем број пријатели.

„За време на патувањето патував по Германија и поминав низ Берлин. По Берлин наминав во Прага, главниот град на Чешка. Потоа поминав низ Виена, Братислава и Будимпешта. Тогаш имав план да ги посетам Хрватска и Србија, но бидејќи случаите на Ковид-19 беа во овие две држави, границите беа затворени и не можев да влезам во тие земји. Во Турција влегов од Бугарија“, раскажа Ахмет.

Во Турција, за која рече дека е преубава земја, поминал 27 дена и по Киркларели и Истанбул ги посетил Газиантеп, Ескишехир, Афјон и Коња.

„Коња беше град кој ме фасцинираше најмногу. Конечно влегов во Коња. Моето патување и пријателства се многу драгоцени“, изјави Ахмет.

Патувајќи низ 10 земји додека не стигнал до Ирак, Ахмет изјави дека за време на своето авантуристичко патување со велосипедот поминал многу планини и долини.

Напоменувајќи дека неколку дена по влез во Ирак престојувал кај пријател на северниот дел во Духок, а потоа преминал во Мосул, Ахмет изјави дека многу сака да го види тој ирачки град кој водел најголема борба против терористичката организација ДЕАШ.

Како што раскажа тој, среќен го направиле напорите на младите луѓе кои сакаат да продолжат со животот за градот да го направат повторно убав.

„Многу луѓе во Германија немаат поим за Ирак и мислат дека до него е тешко да се дојде, а особено со велосипед или авион. Целта е да им кажам на своите пријатели во странство за другото лице на Ирак, кои знаат поради војната. Сакам да им покажам на пријателите во Ирак дека постои живот и култура и дека луѓето и покрај сѐ, сакаат развој и иновации“, порача Ахмет.

Тој додаде дека средношколско образование завршил во Германија и дека за студирањето ќе оди во САД или Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.