Salim Taş
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ХАТАЈ (АА) - Сијамски близначиња родени во сириски Африн пред осум дена донесени се на лекување во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сијамските близнаци, тешки 4 килограми и 200 грама, со брза помош преку граничниот премин во местото Кумлу во Хатај беа донесени на лекување во болницата при Универзитетот „Мустафа Кемал“ (МКУ) во Хатај.
На бебињата чиј третман е во тек, им се дава кислородна поддршка во Одделението за интензивна нега во болницата.
Д-р Есра Јазарли, дел на Катедрата за детско здравје и болести при Универзитетот „Мустафа Кемал“ во Хатај, за Агенција Анадолија изјави дека бебињата родени со царски рез пред осум дена, залепени се едно со друго во пределот на телото.
Д-р Јазарли информира дека и двете сијамски близначиња имаат по две стапала и по една рака од десната и од левата страна на телото, и многу заеднички внатрешни органи.
„Бебиња родени со царски рез во Сирија се донесени кај нас пред осум дена. Бебињата се споени во централната линија на нивните тела. И двете близначиња имаат по две нозе, и по една рака на десната и на левата страна на заедничкото тело. Се појавија проблеми со белите дробови и срцето бидејќи близначињата се споени во централната линија. Поради споеност на белите дробови, постои белодробно ткиво во десниот и во левиот дел, но се забележува дека тие се споени и нефункционални. Слична е состојбата и со срцето, се забележува дека во фаза на развој е уште едното срце, но не е развиено и споено е со другото. Во моментов, само едно срце ја обезбедува циркулацијата на крвта за бебињата. Близначињата имаат два стомака, а само еден црн дроб. Имаат вкупно два бубрега, но едниот бубрег е нефункционален.“
Д-р Јазарли истакна дека внимателно го следат лекувањето на бебињата и го спроведуваат потребниот третман. Информирајќи дека циркулацијата на крвотокот на сијамските близначиња е добар, д-р Јазарли истакна: „Сега го правиме нивното прво следење и третман. Добиваат кислородна поддршка. Не се поврзани на респиратор. Имаат добра циркулација. Обезбедуваме антибиотици и поддршка за нивната исхрана.“
Д-р Јазарли додаде дека третманот на сијамските близнаци треба да се направи во некој понапреден здравствен центар и дека за таа цел упатиле барање за нивно префрлување.