Zafer Fatih Beyaz
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев разговараше за низа билатерални и регионални теми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател е соопштено дека Ердоган во телефонски разговор им честитал на Алиев и на азербејџанскиот народ за 102-годишнината од ослободувањето на Баку од ерменската и болшевичката окупација.
Ердоган истакна дека единството и братството, што Турција и Азербејџан го негуваат, наспроти заканите и нападите на нивните витални интереси, претставува пример, но и опомена за целиот свет.
Турскиот претседател го повтори претходно изречениот став за неопходноста од продолжувањето на јакнењето на турско-азербејџанските односи и соработката и додаде дека тоа се работи под мотото „две земји, еден народ“.
Тој изјави дека Турција секогаш цврсто го поддржува Азербејџан.