Турција, живот

Во Турција 110-годишна старица го победи коронавирусот

Оваа Турчинка беше тестирана за присуство на коронавирусот откако нејзиниот син се заразил со вирусот, а резултатот од тестот покажа дека и таа е позитивна

Onur Orhan, Gürkan Özer  | 29.10.2020 - Обновена : 30.10.2020
Во Турција 110-годишна старица го победи коронавирусот Фото: АА

САКАРЈА (АА) - Хамиде Ај, 110-годишна старица од Турција, го победи коронавирусот и беше отпуштена од болницата во градот Сакарја каде што се лекуваше, јавува Агенција Анадолија (AA).

Оваа Турчинка беше тестирана за присуство на коронавирусот откако нејзиниот син се заразил со вирусот, а резултатот од тестот покажа дека и таа е позитивна.

Потоа е сместена во болница, за по хоспитализацијата успешно да се излекува. Денеска е пуштена дома.

Таа од медицинскиот персонал беше испратена со аплауз, при што особено му се заблагодари на лекарскиот тим кој се грижеше за нејзиното здравје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.