Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
29 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турција денеска го одбележува Денот на Републиката, 97-годишнината од прогласувањето на Републиката, во знак на сеќавање на давањето на името на нацијата и прогласувањето на државата за република, јавува Агенција Анадолија (AA).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и високи владини и воени претставници, како и лидери на опозицијата, положија венци на споменикот „Аниткабир“, мавзолејот на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во главниот град Анкара.
„Со охрабрувањето што ни доаѓа од нашето славно минато полно со победи, продолжуваме да чекориме кон нашата заедничка иднина во единство, солидарност и братство“, напиша Ердоган во книгата на спомени во „Аниткабир“, додавајќи:
„Обидите за конфронтитање на нашата земја одвнатре и однадвор ја зајакнуваат нашата одлучност да се бориме и дополнително ја зајакнува нашата одлучност.“
Турскиот потпретседател Фуат Октај и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, преку објави на Твитер се осврнаа на 97-годишнината од Денот на Републиката.
Октај повика на заштита и посветеност на Република Турција.
„Републиката е приказна за воскреснувањето на оваа нација. Повторното ставање на оваа нација на нејзини нозе. Тоа е нашата Декларација за независност“, напиша Калин во пораката.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, преку видеопорака истакна:
„Со својот цврст став, Турција е глобален актер и на маса и на терен. Одлучно ќе продолжиме да ги штитиме достигнувањата на нашата Република, не загрозувајќи ги нашите цели за 2023 година.“
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, во својата порака по повод Денот на Републиката, повика на елиминирање на тероризмот од земјата за идните генерации.
„Решителни сме да ги постигнеме сите наши цели до 2023 година и да донесеме прекрасна честитка по повод 100-годишнината на сите сопственици на чесниот потпис од 1923 година“, напиша Сојлу.
Денот на Републиката е одбележан и во турските дипломатски претставништва низ светот.
Така, и во Амбасадата на Турција во главниот град на Австралија, Канбера, како и во конзулатите во Сиднеј и Мелбурн, е одбележан Денот на Републиката. Со интонирање на химната на Турција и едноминутно молчење, положени се венци на спомениците на Ататурк во Канбера и Сиднеј. На комеморацијата на плоштадот „Федерација“ во Мелбурн, покрај мерките за заштита од Ковид-19, се вееше и турското знаме и беше интонирана турската химна.
На 29 октомври 1923 година, Мустафа Кемал Ататурк официјално го прогласи името на нацијата и ја прокламираше Републиката. Потоа, едногласно, во Големото национално собрание на Турција Ататурк беше избран за прв претседател на Република Турција. Оттогаш, Турција го одбележува 29 Октомври, Денот на Републиката, како национален празник. Својата стогодишнина Републиката ќе ја одбележи во 2023 година.