Gökhan Varan
29 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Властите на Република Турција остро го осудија нападот кој се случи денеска во катедралата „Нотр Дам“ во францускиот град Ница, јавува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за надворешни работи на Турција упати порака со сочувство до семејствата на трите жртви убиени во свирепиот напад со нож во катедралата во Ница.
„Посакуваме брзо закрепнување на повредените. Ниедна причина не може да оправда убивање на луѓе, ниту легитимизирање на насилството. Јасно е дека извршителите на вакви напади во свето место за богослужба не познаваат никакви религиски ниту морални вредности“, се наведува во соопштението од Анкара.
Од Министерството понатаму се истакнува дека Турција е земја која исто така имаше жртви и која води борба против разни видови тероризам, и дека како таква испраќа порака на солидарност до францускиот народ.