Sarp Özer
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека е завршен техничкиот состанок на воените делегации на Турција и Грција и дека наредниот состанок би требало да биде одржан на 17 септември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на министерството се наведува дека е завршен техничкиот состанок одржан во седиштето на НАТО, а разговарано е за можни начини на разграничување.
Планирано е наредниот состанок да биде реализиран на 17 септември 2020 година", се наведува во соопштението.