живот

Истражување на Универзитетот „Оксфорд": Видео-игрите ги прават луѓето поскреќни

Собраните податоци беа споредени со одговорите од анкетите реализирани од страна на играчите на видео-игри во врска со нивото на нивната радост.

Sümeyye Dilara Dinçer  | 16.11.2020 - Обновена : 20.11.2020
Истражување на Универзитетот „Оксфорд": Видео-игрите ги прават луѓето поскреќни

АНКАРА

Истражувањето реализирано од страна на Институтот за интернет при Универзитетот „Оксфорд“ откри дека играњето видео-игри подолго време ги прави луѓето посреќни, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Би-Би-Си"(BBC), во ова истражување учествуваа 3.274 играчи на возраст од над 18 години, а истражувањето е фокусирано на две игри од две компании.

Овие компании споделија податоци во врска со тоа колку време корисниците играат и во врска со нивниот перформанс.

Собраните податоци беа споредени со одговорите од анкетите реализирани од страна на играчите на видео-игри во врска со нивото на нивната радост.

Ендру Прибилски, професор кој го предводи ова истражување нагласи дека наодите се изненадувачки, и дека лицето кое 4 часа дневно игра видео-игри е посреќно од лицето кое не игра.

Toj потсети дека истражувањата направени пред 40 години покажале дека луѓето кое играат подолго време видео-игри се повеќе несреќни.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın