Aldıjana Hadzıc
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
ХУКРАН (АА) - Додека децата во развиените земји сметаат дека сиромаштија е доколку не се има најновиот модел на мобилен телефон или други уреди чија технологија секој ден напредува сѐ повеќе, децата во Пакистан богатството го пронаоѓаат во малите нешта, јавува Anadolu Agency (AA).
За нив среќа претставуваат семејството и другарчињата и затоа времето го минуваат со нив, а за богатство го сметаат поголемиот број оброци дневно и можноста да се образуваат, па макар тоа било и во слабо опремена просторија, која всушност и не личи на училница.
На сличен начин живеат и децата во селото Хукран, кое се наоѓа на 100 километри од градот Мултан, во провинцијата Пенџаб. Додека нивните родители и постари браќа и сестри се грижат за животните, куќата и семејството, најмладите уживаат во игрите со врсниците.
Температурата на воздухот повремено достигнува и до речиси 50 степени целзиусови, поради што децата ја користат секоја можност да уживаат играјќи во водата.