Fuat Kabakçı
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во некои подрачја на Кина поројните дождови предизвикаа поплави кои се причина за смртта на шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на кинеска новинска агенција Синхуа, во провинциите Хубеј и Сичуан, од четвртокот досега траат поројни дождови кои предизвикаа поплави во овие провинции. Поплавите се причина за смртта на шест лица, додека три лица се водат како исчезнати.
Поројните дождови во подрачјето предизвикаа поплави и свлечишта кои предизвикаа рушење на 171 куќа, додека 649 лица се евакуирани од подрачјето.
Во меѓувреме, 1.300 жители од градот Чунгкинг, кој се наоѓа во провинцијата Сичуан, се евакуирани на други локалитети бидејќи во градот се оштетени најмалку 100 куќи, а поројните дождови предизвикаа штета и врз 5.200 хектари земјоделски површини.