Ekipa
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Синот на поранешниот либиски лидер Моамер ал-Гадафи, Саиф ал-Гадафи, пуштен е од затворот каде што ги помина последните пет и пол години, јавува Anadolu Agency (AA).
Милитантната група Бригада Абу Бакр ал-Седик синоќа соопшти дека Саиф ал-Ислам е пуштен од затворот во градот Зинтан уште во петокот и дека тој веќе го напуштил тој либиски град каде што беше притворен во ноември 2011 година, за време на народното востание, кога беше соборен и сурово убиен неговиот татко Моамер.
Во соопштението се наведува дека синот на поранешниот либиски лидер е ослободен со помилување на парламентот на либиската влада во Тобрук.
Многу институции, вклучувајќи ја и војската на Либија го осудија ослободувањето на Саиф ал-Ислам и го оценија како велепредавство.
Саиф ал-Ислам беше миленик на поранешниот либиски лидер Моамер ал-Гадафи и негов најавуван наследник на чело на државата.
Моамер Гадафи беше соборен и убиен во август 2011 година за време на масовните протести против неговиот режим во Либија, а неговиот син, Саиф ал-Ислам, беше фатен во обид да побегне во соседен Нигер.
На Саиф ал-Ислам му е судено за воени злосторства и во 2014 првостепено е осуден на смрт, а невладините организации и Обединетите нации оценија дека во судксиот процес се направени низа пропусти и беше барано ново судење.
Либија и понатаму е средиште на длабока политичка и безбедносна криза каде што делуваат бројни милитантни групи и три паралели влади, една во Тобрук, друга во Триполи и третата меѓународно признаената Влада на национално единство.