Can Erözden
11 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Единаесетгодишниот син на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо се приклучи на младинскиот тим на Манчестер Јунајтед, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кристијано Роналдо Џуниор избра дрес со познатиот број 7 со кој позира на потпишувањето заедно со својот соиграч Габриел кој тоа го објави на социјалните мрежи.
„Среќен што конечно ми заврши денот на потпишувањето, уште подобро што покрај мене го имам мојот соиграч Кристијано Џуниор“, напиша на Инстаграм Габриел, кој исто така направи трансфер во Манчестер Јунајтед.
Габриел има над 31.000 следбеници на Инстаграм и е спонзориран од светски познатиот бренд за спортска опрема „Најк“.
„Исполнувајќи ги нашите соништа заедно, мама те сака“, напиша девојката на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Роналдо, Хеорхина Родригез.
Роналдо има четири деца, Кристијано Роналдо Џуниор, Ева, Матео и Алана Мартина.
Кристијано Џуниор е негов прв син и е роден на 17 јуни 2010 година во САД.
Девојката на португалскиот репрезентативец, Хеорхина, има едно дете со Кристијано; четиригодишната ќерка Алана Мартина.
Таткото на Кристијано Џуниор, Роналдо (37), моментално игра за Манчестер Јунајтед.
Тој играше за португалскиот Спортинг, шпанскиот Реал Мадрид и италијанскиот клуб Јувентус, пред да се врати во Манчестер Јунајтед во 2021 година.