Yunus Kaymaz
11 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
ДАЛАС (АА) ‒ Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ синоќа постигна 51 поен во Далас Маверикс и Лос Анџелес Клиперс, што е рекорден учинок во неговата НБА-кариера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Маверикс пред домашната публика ги совлада Клиперси со 112:105, а херој на тимот на Далас беше 22-годишниот Словенец.
Дончиќ на теренот помина нешто помалку од 40 минути, постигнувајќи 51 поен и додаде 9 скока и 6 асистенции.
Тоа беше четврта последователна победа на Далас Маверикс и трет последователен пораз на ЛА Клиперс.