Mahmoud Barakat
10 Октомври 2018•Ажурирај: 11 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Египетските безбедносни сили го уапсија синот на соборениот претседател на таа земја, Мухамед Морси, јавува Anadolu Agency (AA).
Најстариот син на Морси, Ахмед Морси, за АА изјави дека египетските сили утринава го уапсиле неговиот брат Абдула во семејната куќа во западниот дел на Каиро.
„Бевме изненадени кога утринава луѓе, без да се претстават, упаднаа во нашата куќа во Шеих Зајед и го уапсија мојот брат“, изјави Ахмед.
Тој изјави дека семејството во моментот не знае каде е однесен уапсениот и што се случува.
Египетските власти сè уште не се произнесоа за случајот.
Мухамед Морси е првиот демократски избран претседател на Египет кој од власт е соборен со воен удар во средината на 2013 година, од кога се наоѓа во затвор.