живот

Необичното име на новородениот син на Елон Маск може да е спротивно на законите

Законите на Калифорнија нема да дозволат да се користи графемата „Æ“ во невообичаеното име на детето, бидејќи ја нема во англиската азбука

Mücahit Oktay  | 09.05.2020 - Обновена : 11.05.2020
Необичното име на новородениот син на Елон Маск може да е спротивно на законите

ЊУЈОРК (АА) – Невообичаеното име на новороденото дете на Елон Маск, основачот на светски реномираната технолошка компанија „Тесла“, може да биде спротивно на законите на американската сојузна држава Калифорнија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Тешкото изговарање на името „X Æ A-12 Musk“ на новороденото дете на Елон Маск и канадската пејачка Грајмс стана главна тема во американските медиуми и на социјалните мрежи. Исто така се истакнува дека името може да биде и спротивно на законите.

Во вестите што се пишуваат во врска со темата се наведува дека и технолошкиот милијардер треба да се однесува во согласност со законите, и дека законите на Калифорнија нема да дозволат да се користи графемата „Æ“ во невообичаеното име на детето, бидејќи ја нема во англиската азбука.

Некои корисници на социјалните мрежи пишуваат дека не е познато како навистина се вика новороденото дете на Маск и дека бизнисменот во тоа име крие некоја шифра.

Четириесет и осумгодишниот Маск, од претходните два брака има 5 деца. Во понеделникот на Твитер напиша дека му се родил син и дека името му е X Æ A-12.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın