Ekip
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
МАДРИД (АА) - Официјалниот претставник на регионалните власти во југоисточна Шпанија, изјави дека 300 луѓе се евакуирани поради пожарот кој изгорел 1.000 хектари борова шума, јавува Anadolu Agency (AA).
Франциско Мартинез, регионален директор за земјоделство, животна средина и развој на Кастилија-Ла Манша изјави дека се евакуирани жителите на десет мали места и кампери.
Повеќе од 150 пожарникари, кои имаат поддршка од воздухот се борат со големиот пожар.
Пламенот започна во петокот и се прошири кон националниот парк Лос Каларес дел Рио Мундо.
Шпанија и соседната Португалија се склони кон шумските пожари за време на сувите и топли летни месеци.