Tayfun Salcı
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Во Лондон се одржа протест поради смртта на црномурестото момче Решиен Чарлс, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата недела во источниот дел на Лондон, на крај од потерата од страна на англиската полицијата, Чарлс влегол во една продавница, каде бил приведен. Чарлс починал во болница, еден час по приведувањето. Граѓаните се собраа синоќа на местото на настанот, сметајќи дека Чарлс починал поради полициско насилство.
Меѓу полицијата и демонстрантите настанаа расправии, а демонстрантите повремено фрлаа предмети врз полицајците.
Во рамките на преземените интезнивни мерки за безбедност, целиот настан од воздух го следеше хеликоптер на лондонската полиција.
Екипа на англиската полиција, на 22 јуни во раните утрински часови го запре возилото од кое излегол Чарлс. Откако Чарлс не ги почитувал предупредувањата на полицијата, влегол во еден дуќан кој се наоѓал во близината. Момчето откако влегло во дуќанот, се обидело да голтне нешто.
Полицијата влегла во дуќанот и се обиделе да го извадат предметот од неговата уста, но на момчето му се слошило и бил пренесен во болница. Чарлс и покрај укажаната медицинска помош, по еден час починал.
Независна комисија за жалби против полицијата (IPCC) отвори истрага за целиот случај.
На 15 јуни, во источниот дел на Лондон во возило бил приведен 25 годипниот Едир Фредерико Да Коста, кој поради употреба на полициска сила и гас, го загуби својот живот.