Kasım İleri
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп го осуди севернокорејското тестирање на балистичките проектили и рече дека станува збор за многу опасна активност, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп порача дека САД го отфрли тврдењето дека Северна Кореја сака со овие оружја сака да ја гарантира својата безбедност.
Северна Кореја синоќа истрела проектили кои завршија во територијалните води на Јапонија, североисточно од брегот на таа земја.
„САД ги осудуваат ови опасни активности, со цел гарантирање на безбедноста на земјата. Тоа всушност има контра ефект. Ова оружје, покрај тоа штоо е закана за целиот свет, ја изолира Северна Кореја, ја слабее нејзинат економија и го загрозува нејзиниот народ. САД ќе ги направат потребните чекори за заштита на нејзината територија и сојузниците во регионот", се наведува во писмената изјава на претседателот на САД, Доналд Трамп
Северна Кореја, предводена од страна на врховниот лидер Ким Јонг Ун, досега неколку пати истрела проектили во правец на Јапонија.