Cüneyt Karadağ
29 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Едно лице е убиено, а шестмина се ранети во нападот во супермаркет во германскиот град Хамбург, кога едно лице со нож влезе во објектот и ги нападна присутните, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимо Зил, портпарол на хамбуршката полиција, на новинарите им соопшти дека едно лице извршило напад во супермаркет во квартот Бармбек. Во нападот животот го загубило едно лице.
Портпаролот изјави дека напаѓачот во нападот користел нож и додаде дека напаѓачот бил фатен од страна на граѓаните кои се нашле во околината.
На прашањето дали нападот има терористичка заднина, портпаролот на полицијата Зил одговори „Ги истражуваме сите аспекти на настанот”.
Портпаролот Зил истакна дека при нападот немало други активности и дека напаѓачот бил сам, додавајќи дека поради настанот, преземени се превентивни мерки во околината.
Хамбуршката полиција објави дека во настанот починало едно лице, а шестмина се ранети. Напаѓачот бил на возраст од 26 години, роден во Обединетите Арапски Емирати, но засега не е одредена неговата национална припадност.
Во вестите кои се најдоа во германските медиуми, се тврди дека напаѓачот е лицето Ахмад А. сместен во бегалси дом.
Во германскит медиуми се вели и дека напаѓачот Ахмад А. имал психолошки проблеми и бил зависник од дрога.
Полицијата информираше дека починатото лице е германски државјанин на 50 годишна возраст.