Onur Usta
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
АБИЏАН (АА) - Еден карго авион се урна во градот Абиџан во африканската земја, Брегот на Слоновата Коска, при што животот го загубија четири лица, додека шест се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Исса Сахко, надлежен од воената против пожарна служба на Брегот на Слоновата Коска, во изјава за РТИ 1, истакна дека авионот кој полетал од главниот град на Буркина Фасо, Вагадугу, се урнал во море во близина на Абиџан. Тој рече дека во несреќата смртно страдале четири државјани на Молдавија.
Исто така, Сахко нагласи дека од урнатините на авионот се извлечени шест француски државјани.
Како што рече Сахко, сеуште не се знае причината за уривање на авионот, а е започната истрага во врска со овој случај.
Според информациите до кои дојде АА од безбедносни извори, урнатиот авион за карго бил изнајмен од една украинска компанија од страна на Француската војска.