Onur Usta
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
БАНГУИ (АА) - Најмалку 20 лица загинаа во напади извршени во џамија во Централната Африканска Република (ЦАР), јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори велат дека група вооружени мажи упаднала во џамијата во градот Кемба на југоисточниот дел на земјата. Претставник на муслиманската заедница во земјата Абдурахман Борну тврди дека нападот го извршиле членовите на групата анти-Балак.
Според него, милитантите ја опколиле џамијата и убиле најмалку 20 муслимани.
Во населбата во Бангуи каде што живееја жртвите, беше прогласен ден на жалост. Претставникот на муслиманската заедница во Оусман Махамат предупреди дека омразата е широко распространета меѓу различните заедници во земјата.
„Во оваа војна нема победници или губитници, залудно ги убиваат нашите браќа", рече тој.
Според податоците на Обединетите нации, Централноафриканската Република е една од земјите со најлоша хуманитарна ситуација во светот.
Конфликтите во Централноафриканската Република започнаа во 2013 година кога бунтовниците на Селекс го соборија претседателот кој беше христијанин.
Секташките конфликти продолжија и покрај посетата на папата Франсисково 2015 година и неговиот повик за мир.