Dildar Baykan
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Две девојчиња, бегалци од Аракан во Бангладеш, беа убиени од слон во кампот во Балухалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во кампот во кој се случи нападот се сместени муслиманите од Аракан кои во Бангладеш нашле спас од насилството.
Од Меѓународната организација за миграции (ИОМ) потврдија дека нападот, во кој загинаа две девојчиња а повредени се три лица, се случил во петокот вечерта.
Слонот усмрти петгодишно девојче, додека другото девојче почина на 13-годишна возраст во болница.
Повеќе од 519.000 муслимани од Aракан избегаа од Мјанмар во соседен Бангладеш од почетокот на новиот бран на насилство на 25-ти август до сега.
На патот за спас многумина ги губат своите животи или поминуваат низ драма одејќи низ кал, вода и во тешки услови.