Burak Karacaoğlu,Adham Kako,Eşref Musa
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ИДЛИБ (AA) - Жителите на налото место Маре Нуман, во близина на сирискиот град Идлиб, кој во наредниот период ќе биде под набљудување на Турските вооружени сили (ТСК) веруваат дека благодарејќи на пријателскиот однос на Турција ќе бидат заштитени од опасноста во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Местото Марет Нумани во изминатиот период беше мета на воздушни напади на режимот на Асад. Жителите во разговор за АА говореа за своите очекувања по влегувањето на турските сили во регионот, кои ќе го набљудуваат текот на прекинот на огнот.
Мухамед Ејдар (23) истакна дека верува оти состојбата во регионот по влегувањето на ТСК во Идлиб ќе се смени,
„Во нашиот регион константно се присутни напади и убиства. Да не влезеше Турција тоа најверојатно би продолжило. На овој простор нема место за ПКК. Ниту режимот, ниту ДЕАШ, ниту ПКК, никој од нив нема да остане", рече Ејдар.
Мустафа Тума (45) исто така нагласи оти веривуа дека со влегувањето на турската војска во Идлиб ќе бидат намалени нападите на ова подрачје.
„Народот ќе биде подобро, послободно и ќе биде на сигурно. Се надевам дека ќе се спасиме од овие авиони. Регионот ќе се развие, ќе дојде помош, ќе имаме можност да се вработиме, а овие насилници ќе заминат", порача Тума.
- Доколку не влезеше Турција, и понатаму ќе живеевме во страв
Абдулгафар Зикри (25) исто така верува дека животот ќе се нормализира во оој регион, откако таму влезе турската војска. Нагласува дека терористите на ПКК тука немаат поддршка.
Зикри додаде дека е многу важна присутноста на ТСК во регионот, во контекст на воспоставување на стабилноста и мирот.
„Доколку Турција не влезеше тука, цивилите тука и понатаму би живееле во срав. Нападите и судирите би продолжиле. Влез на Турција во Идлиб не е нешто што се случи ненадејно", нагласи Зикри, потсетувајќи дека во периодот пред 1516. година кога Мемлуците ги мачеле жителите на Дамаск и Египет, фелегациите од овие подрачја заминувале во Осмалискиот падишах.
И Шериф Рахум (46) нагласува дека односите помеѓу народите на Сирија и Турција имаат длабоки односи како и дека мнозинството од населението на регионот на турската војска гледа со голема симпатија.
„Што и да направеа Турците досега, тоа е направено во согласност со соседските односи и разбирање. Ние стотини години живееме заедно. Во таа смилсма добрите односи помеѓу двата народа не се ништо ново", рече Рахум и додаде:
„Ако ПКК влезе во нашиот регион тоа ќе биде голема катастрофа, бидејќи се работи за група која не ја сакаме. ПКК докажа дека е терористичка организција. Ако влезе во регионот, ќе предизвика проблеми."
Во последниот воздушен напад на Марет Нуман, на 8 октомври, загинаа 12 цивили.
- ТСК продолжува со транспорт кон зоната на деескалација во Идлиб
Воениот транспорт на ТСК започна пред два дена и се очекува дека ќе биде продолжен во одредени временски интервали.
Во првата етапа, турските сили се распоредени на подрачјето помеѓу Идлиб и градчето Африн, кој е под контрола на терористичка организција ПКК/ПЈД, а кој се наоѓа на границата со Турција.
Се очекува дека Вооружените сили на Турција, со распоредеување на единиците од северот кон југот на Идлиб, во наредниот период постепено да формираат набљудувачки точки во преку 10 региони.
Единиците на ТСК, кои делуваат во рамките на Контролните сили за намалување на тензиите, ќе бидат распоредени во склад со договорот кој е постигнат претходно оваа година, во Астана, главниот град на Казахстан.
Контролните сили за намалување на тензиите ги сочинуваат единиците на Турција, Русија и Иран, односно земјите гаранти на прекинот на судирите во Идлиб.
Турските единици ќе формираат набљудувачки точки во внатрешноса на Идлиб, а руските сили во периферните делови.
Распоредувањето на турските сили на подрачјето на Идлиб се спроведува во координација со единиците на Слободната сириска војска (ФСА).