Elvir Hociç
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во центарот на Њујорк одржана е традиционална „ Војна со перници”, која и оваа година насобра стотици учесници, јавува Anadolu Agency (AA).
На плоштадот Вашингтон во Њујорк синоќа е одбележан Меѓународниот ден на пернции на кој се собраа неколку стотици жители и туристи.
Насобраните на плоштадот дојдоа „ вооружени” со пердувести перници, се поделија во две групи, а на знак на водичот започна битката која е водена до исцрпувањето на двете страни. Победници немаше, туку противниците продолжија да уживаат во приредбата.
Борбата со перници е несекојдневен облик на забава, а синоќешниот настан во Њујорк е организиран со зголемени безбедносни мерки.