Sibel Uğurlu,Satuk Buğra Kutlugün
18 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
ВАН (АА) - Во терористички напад на полициска станица во Ван, што се случи синоќа, загинаа три лица, додека 73 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу трите загинати лица има еден полицаец. Локалните власти соопштија дека во експлозија на бомба во град во источна Турција од 73-те повредени, 20 се полицајци.
Ибрахим Тасјапан, гувернерот на Ван рече дека терористи на ПКК активирале автомобил-бомба во близина на полициска станица во населбата Ипекјолу, малку по 23 часот по локално време.
Тасјапан истакна дека еден од осомничените е уапсен во текот на операцијата, која започна веднаш по нападот, додавајќи дека во нападот се оштетени повеќе згради во близина на полициската станица.
Захир Соганда, претседател на турската владејачка АК Партија за покраината, рече:
„Овој напад нема да ги обесхрабри луѓето во Ван. Ова се последните контракции на терористичката организација. Тие се обидуваат да го скршат отпорот на населението на Ван, никогаш нема да успеат”.
ПКК, која се смета за терористичка организација од страна на Турција, САД и Европската Унија, во јули 2015 година, продолжи со својата 30-годишна борба против турската држава.
Оттогаш, загинаа над 600 припадници на турските безбедносни сили, а над 7.000 терористи на ПКК се убиени.