Sarp Özer
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
АНКАРА (AA) - Министерот за одбрана на Република Турција, Фикри Ишик, денес во Анкара изјави дека пучистите имале намера да избегаат од Турција откако сфатиле дека државниот удар не успеал, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кога сфатија дека пучот не успеа, подготвија три авиона од типот „CASA“, имаа намера да пребегаат од базата Акинџи“, рече Ишик во текот на гостувањето на уредничкиот деск на Anadolu Agency.
Министерот Ишик напомена дека многу важна улога имала наредбата на премиерот Бинали Јилдирим, кој бараше бомбардирање на пистата што ја користеа пучистите, членови на терористичката организација ФЕТО.
„Да не беше бомбардирана пистата, повеќето пучисти би избегале од земјата“, рече Ишик.