Ekip
19 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
ВАН (АА) - Во Ван, градот на југоисточниот дел на Турција во кој припадниците на терористичката организација ПКК извршија напад на полициска станица, вчера беше одржан протестен марш, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа пред џамијата „ Хз.Омер" и со знамиња на Турција во рацете се движеа до полициската станица на која е извршен нападот.
Насобраните ги извикуваа слоганите против терористичката организација ПКК. Во името на групата на присутните се обрати портпаролот на Иницијативата за цивилно солидализирање во Ван, Гарип Кизилкаја, кој потсети дека во нападот загинале три лица, меѓу кои и еден полицаец. Во тој напад се ранети повеќе од 70 граѓани.
„ПКК со овие напади се обидуваат да ги казнат граѓаните на Ван кои не ја поддржуваат нивната политика. Убивањето на цивилите во Дијабакир, Ван и Елазиг покажува дека убивањето и пролевањето на крв е единствено нешто што организацијата го знае”, изјави Кизилкаја.
Мехмет Емин Тилки (90) кој на маршот дојде да ги осуди терористичките напади смета дека Турција не треба да ги слуша западните земји.
На маршот се придружија и претставниците на одредените политички партии, началници на општините и претставниците на невладините организации. Во текот на денот се очекуваат демонстрации и протестни маршови против терористичката организација ПКК во неколку градови на источниот и југоисточниот дел на Турција, првенствено во градовите Елазиг и Дијабакир.
Демонстрантите во попладневните часови треба да се соберат пред џамијата Улу, додека во Елазиг демонстрантите ќе се соберат на Плоштадот на демократијата -15 јули, од кај ќе започне поворката. Маршот ќе се заврши со собирање на плоштадот Ахмет Ајар каде е планирано организирање на митинг.
Одржувањето на демонстрациите е планирано во Мардин, Бингол, Сирт и Батман.Од друга страна, во Дијабакир во септември би требал да се одржи голем митинг против обид за државен удар кој на 15 јули го извршија воени лица лојални на терористичката организација Фетулачи (ФЕТО).
Се планира митинг сличен на оној кој на 7 август беше одржан во Истанбул. Да се потсетиме, на Митингот на демократија и маченици на кој учествуваа преставниците на владеачката Парија за правда и развој како и опозициските на Партијата за национално движење и Реупубликанската народна партија, присустуваа околу пет милиони лица.