Yıldız Aktaş
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека терористичката организација ДАЕШ не е претставник на исламот, туку дека тоа е организација која фрла дамка и го оцрнува исламот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние никогаш не можеме да застанеме на страната на ДАЕШ. Тоа мораат да го знаат сите оние кои на безобразен начин ни пререкуваат дека го помагаме ДАЕШ. Тие првин мораат да застанат пред огледало и да се погледнат. Зошто? Па, токму тие го помагаат ДАЕШ", порача Ердоган.
Турскиот претседател рече дека крвта на турските шехиди и ранетите никогаш не била, ниту ќе биде залудно пролена.
„Нека нашиот народ биде сигурен дека крвта на нашите шехиди и нашите ранети никогаш не била, ниту залудно ќе биде пролеана. Само од 15 јули наваму, во акциите во и надвор од нашата држава неутрализирани се 182 терористи. Нашите безбедносни сили приведоа околу три илјади лица за кои е утврдено дека им помагаат на терористичките организации, 318 од нив се во притвор. Во таа смисла, додека нашите безбедносни сили се борат против предавничката мрежа на ФЕТО, никогаш нема настрана да ја остават борбата против терористичката организација ПКК", порача Ердоган.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека терористичките напади во таа земја ќе бидат причина за јакнење на безбедносната мрежа.
„Како што 15 јули беше причина од државните структури да ги отстаните ќелиите на злобниот тумор наречен ФЕТО, така и потезите од овој тип ќе го забрзаат процесот на градење на посилна безбедносна мрежа", рече Ердоган.
Ердоган додаде дека не треба да се биде генијалец за да се разбере дека и ФЕТО ги поттикнува терористичките напади кои ги спроведуваат терористите на ПКК.
„Не треба да се биде генијалец за да се разбере дека зад последните напади на ПКК, во смисла на информирање и поттикнување стои терористичката организација ФЕТО", рече претседателот на Турција.
Ердоган рече дека американското одолговлекување со испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, е бесмислено.
„Ја прашуваме Америка 'зарем не сме стратешки партнери? Зарем не разменуваме криминалци? Ние ви ги испорачувавме сите терористи кои ги баравте, а од вас бараме испорачување на само еден. Ви испративме документи и нема смисол повеќе да отежнувате со тоа", рече Ердоган.