Halil Demir,Hanife Sevinç
19 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Најмалку 44 академски работници од турскиот државен Универзитет во Истанбул се приведени во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулското обвинителство во рамките на истрагата против ФЕТО, по обидот за државен удар во оваа земја, издаде налог за апсење на 62 лица од Истанбулскиот универзитет.
Полицијата изврши претреси на уредите и во становите на академските лица и досега приведе најмалку 44 лица.