Haydar Hadi
23 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Зоолошката градина во главниот град на Ирак, Багдад, е домаќин на „белиот лав“, јавува Anadolu Agency (AA)
Белиот лав, кој пред околу 10 месеци е роден во зоолошката градина во паркот „Зевра“, во центарот на Багдад, се смета за редок вид на лав, бидејќи во светот постојат само 30 такви единки.
Ветеринарот д-р Адил Муса, директор на зоолошката градина во Багдад, во својата изјава за АА во врска со белиот лав, кој е подложен на посебна нега, истакна дека овој лав е еден од ретките видови лавови во светот.
„Белите лавови се соочуваат со истребување, затоа што тешко се размножуваат. Нивниот просечен животен век е од 10 до 14 години“, рече Муса.
- Специјално се храни
„Појавата на овие ретки животни е резултат на мутации. Иако е роден пред 10 години, здравствената состојба е стабилна. Сестрата на овој лав, односно лавицата, има нормална боја како мајката“, рече Муса.
Тој истакна дека вкупниот број на овие бели лавови во сите зоолошки градини во светот изнесува 30.
„За белиот лав се грижат специјалисти ветеринари, а тој се храни со специјална храна. Во најскоро време граѓаните ќе имаат можност да го видат ова интересно и специјално животно на нашата зоолошка градина“.
Муса нагласи дека ваквите животни првпат се појавиле во 1928 година.
- Поенергичен во однос на другите лавови
Од друга страна, Лејтх Тевфик, чувар на белиот лав што живее во зоолошката градина, истакна дека грижењето за овој лав е посебно воодушевувачки.
Тевфик истакна дека овој лав е многу поенергичен во однос на другите лавови.
„Овој лав дневно јаде околу 5 до 6 килограми месо поради тоа што интензивно се движи“, вели тој.
Иако белите животни најчесто се карактеристични за подрачја со студена клима, овие ретки лавови живеат во подрачја со топла клима, како Јужна Африка.