Satuk Buğra Kutlugün
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
БИТЛИС (АА) - Бабата Асије Сутлу од Турција, која неодамна го прослави 118. роденден, иако нема сертификат од меѓународни организации, сепак таа е најстарата личност на светот, но и последна жива личност родена во 19. век, јавува Anadolu Agency (AA).
Во личната карта и другите документи за идентификација официјално пишува дека Сутлу е родена на 17 април во далечната 1899 година, а тврди дека тајна на нејзината долговечност е во конзумирање на исклучително органска храна.
„Од раѓање јадев само домашно одгледана и органска храна и се лечев со лековити растенија кои ги собираме на планините. Денешната храна е нездрава и никако не можам да ја јадам”, изјави Сутлу на роденденската забава во нејзиниот роден град Хизан во југоисочната турска област Битлис.
Сутлу без маж остана пред 45 години и оттогаш грижа за неа води нејзината снаа Зинет. Има вкупно 41 внуче и 28 правнуци.
Податоците од личните документи ја прават Сутлу најстара личност на светот, иако за тоа нема меѓународен сертификат.
Виолет Браун од Јамајка, родена на 10 март. 1900 година, официјално е најстарата личност на светот според податоците на Истражувачкиот центар за геронтологија, која го бележи тој вид на статистика во светот.