Aldıjana Hadzıc
24 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
ЏАКАРТА (AA) - Екстремно високите температури и сушата предизвикаа сиромаштија во Индонезија и нарушување на екосистемот, јавува Anadolu Agency (AA).
Близината на екваторот влијае на климата во таа земја, а поради тоа температурите во низините достигнуваат високи вредности.
Водоводните цевки и водотеците пресушија, а покраината Ацех и околината се соочија со сиромаштија и глад. Освен тоа, Ацех има најголем распон на биодиверзитетот во азиско-пацифичкиот регион, поради што сушата и сиромаштијата во овој регион би можеле да предизвикаат еколошка катастрофа.
Сушите не само што негативно влијаат на животот на луѓето, туку предизвикаа исчезнување на дел од животната средина на подводниот свет.
Индонезија е позната по одгледувањето ориз, чај и зачини, така што сушата предизвика главоболки не само кај земјоделците, туку и кај другите општествени слоеви кои се надеваат на дожд.